ЕвропаЕвропа.ПорталСвет.Слајдер

Заради коронавирусот „Луфтханза“ за една четвртина ги намалува летовите на кратки и средни дестинации

Германската авио-компанија  „Луфтханза“ во следните неколку недели за една четвртина ќе ги намали своите летови на кратки и средни дестинации заради  епидемијата од коронавирус, се наведува во соопштение на компанијата.

Берлин, 1 март 2020 (МИА) – Германската авио-компанија  „Луфтханза“ во следните неколку недели за една четвртина ќе ги намали своите летови на кратки и средни дестинации заради  епидемијата од коронавирус, се наведува во соопштение на компанијата.

„Поради актуелната ситуација, предизвикана од зголеменото ширење на коронавирусот „Луфтханза Груп“ одлучи да преземе серија дополнителни мерки… Во следните неколку недели бројот на кратки и средни летови ќе се намали. Компанијата забележува дека траењето на овој период ќе зависи од натамошниот развој на ситуацијата со коронавирусот.

Освен тоа, ќе се намали и бројот на долги летови. Авио-компанијата соопшти дека бројот на авиони  што привремено нема да летаат, а се наменети за долги летови, ќе се зголеми од 13 на 23.

Како една од мерките против коронавирусот, авио-компанијата ја разгледува и можноста за намалување на работното време на вработените. сд/

Back to top button
Close
Close