0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштествоОпштински вести

Заради дефект на главниот цевковод без вода седум села во Општина Босилово

Заради дефект на главниот цевковод од браната „Иловчанка“, преку кој се снабдува со вода Општина Босилово, седум населени места денеска и утре ќе немаат вода.

Струмица, 22 февруари 2021 (МИА) – Заради дефект на главниот цевковод од браната „Иловчанка“, преку кој се снабдува со вода Општина Босилово, седум населени места денеска и утре ќе немаат вода.

Според градоначалникот на Босилово Зоран Зимбаков, се работи за голем дефект, а екипи работат на негово остранување.

-Цевките кога биле поставувани биле неквалитетни и се дотраени, а во цевководот нема и „песочни перници“. Екипите на комуналното претпријатие се на терен и очекувам во текот на утрешниот ден да биде отстранет дефектот и да се нормализира водоснабдувањето, рече Зимбаков.

Од ЈПКД „Огражден“ соопштија дека освен општинскиот центар Босилово, без вода се и селата Радово, Робово, Еднокуќево, Секирник, Бориево и Турново и ги замолуваат граѓаните за разбирање.рт/фф/

 

Back to top button
Close
Close