Дописници МКДОпштински вести

Започнува обновата на стариот пат до манастирот „Св.Јоаким Осоговски” кај Крива Паланка

Стариот пат до манастирскиот комплекс „Св.Јоаким Осоговски“ кај Крива Паланка ќе се обновува со 13,5 милиони денари обезбедени преку Бирото за регионален развој. Градоначалникот на општина Крива Паланка Борјанчо Мицевски денеска одржа состанок со изведувачите на проектите за обнова на патот до манастирот  и за изградба на потпорни ѕидови на критични локации во градот.

Крива Паланка, 29 јануари 2020 (МИА) –  Стариот пат до манастирскиот комплекс „Св.Јоаким Осоговски“ кај Крива Паланка ќе се обновува со 13,5 милиони денари обезбедени преку Бирото за регионален развој.
Градоначалникот на општина Крива Паланка Борјанчо Мицевски денеска одржа состанок со изведувачите на проектите за обнова на патот до манастирот  и за изградба на потпорни ѕидови на критични локации во градот.
– Првиот поголем проект за кој веќе ќе се воведат во работа изведувачите е „Реконструкција на патна инфраструктура за пристапен пат до манастир Св.Јоаким Осоговски-село Варовиште”, а втората градежна активност се проекти за изградба на потпорни ѕидови на критични локации во градот. Патниот правец до манастирот е активност од областа на промоција на туризмот и историското наследство,  а  средствата од 13,5 милиони денари се обезбедени преку Бирото за Регионален развој. Втората градежна активност е за изградба на потпорни ѕидови на неколку локации во градот и тоа на улиците „Баглачка“ и „11 Октомври“, а ќе се одвива со средства во висина од пет милиони денари од општинскиот буџет, изјави градоначалникот Мицевски.
Изведувачи на градежните активности се Друштвото за производство, трговија и услуги “СТОИМЕНОВ ДООЕЛ” од Кочани и „ДИНЕ ТРЕЈ” од Крива Паланка.
На работниот состанок присуствуваше и  митрополитот од кумановско-осоговската епархија г.Јосиф,  како соработник на општината и логистички партнер во проектот за реконструкција и санација на патниот правец кон манастирот „Св.Јоаким Осоговски“.ид/лв/

Back to top button
Close
Close