Дописници МКДОпштински вести

Започна реконструкцијата на трибинскиот дел од Градскиот стадион во Македонска Каменица

апочна реконструкцијата на трибинскиот дел од Градскиот стадион во Македонска Каменица. По завршувањето на градежните работи, како што информираа од Општина Македонска Каменица, љубителите на фудбалот ќе добијат пристојни услови за следење на натпреварите на својот омилен, машки и женски, фудбалски клуб Каменица ѓљСаса.

Македонска Каменица, 7 мај 2021 (МИА) – Започна реконструкцијата на трибинскиот дел од Градскиот стадион во Македонска Каменица. По завршувањето на градежните работи како што информираа од Општина Македонска Каменица љубителите на фудбалот ќе добијат пристојни услови за следење на натпреварите на својот омилен, машки и женски, фудбалски клуб Каменица ѓљСаса.

-По завршувањето на реконструкцијата исто така, ќе бидат поставени 1500 стандардизирани трибински столчиња за дополнителна удобност на посетителите. Како локална самоуправа ќе продолжиме да ги следиме успесите на спортските клубови во Македонска Каменица и покрај финансиската поддршка за развој на спортот, посветено работиме и на подобрување на условите за нивно непречено функционирање, истакнаа од Општината.
 
Како што додадоа следуваат активности за целосно доуредување на Градскиот стадион и изградба на дополнителни содржини на помошните терени и игралишта.
-Исто така во изминатиот период, како локална самоуправа во соработка со заедницата изградивме повеќенаменско спортско игралиште со најмодерна “спуртон” подлога, додадоа од Општината.
Во рамки на градежните активности целосно е реновирана и спортската сала во Македонска Каменица, а подобрувањето на условите за спорт како што дополнија надлежните ќе продолжат и во наредниот период. вс/скс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close