Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Започна поставувањето на полуподземни контејнери во Куманово

Започна поставувањето на полуподземните контејнери во Куманово. Првиот контејнер е поставени зад зградата на Комитет во централно градско подрачје. Општината спроведе јавна набавка и одвои 5,9 милиони денари за набавка на сетови  полуподземни контејнери кои ќе бидат поставени на осум локации. На една локација ќе бидат поставени по два полуподземни контејнери, од кои едниот има  капацитет од пет кубни метри.

Куманово, 25 декември 2020 (МИА) – Започна поставувањето на полуподземните контејнери во Куманово. Првиот контејнер е поставени зад зградата на Комитет во централно градско подрачје. Општината спроведе јавна набавка и одвои 5,9 милиони денари за набавка на сетови  полуподземни контејнери кои ќе бидат поставени на осум локации. На една локација ќе бидат поставени по два полуподземни контејнери, од кои едниот има  капацитет од пет кубни метри.

-Ова е современ начин на депонирање и одлагање на сметот. Eден  ваков контејнер заменува количина од пет обични контејнери. Предвидено е да бидат поставени на осум локации. Првата е токму во централното градско подрачје. Очекуваме да се скрати времето на собирање на смет со возилата на „Чистота и Зеленило“, што ќе го намали сообраќајниот метеж во градот, изјави градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

 

Со набавката на вакви модерни садови со голем капацитет за складирање на отпад ќе се реши одлагањето на отпадот во централното градско подрачје. Позитивните искуства од поставувањето на вакви контејнери Куманово ги црпи од градовите од европски држави. Полуподземните контејнери имаат значителен капацитет за собирање на смет, поедноставни се за одржување и се скратува времето на собирање на сметот.

Средствата за овој проект беа предвидени во општинскиот буџет за тековната година. Останатите полуподземни контејнери ќе се постават по новогодишните празници на останатите  предвидени локации, речиси сите по централното градско подрачје. ам/ки/

Back to top button
Close
Close