0_Македонија.ПорталОпштество

Започна постапката за прогласување на Шар Планина за Национален парк, а Осоговските планини за заштитен предел

Владата на денешната седница, ги разгледа и усвои Информациите за потребата, како и одлуките за прифатливост за прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје во категорија II - Национален парк и за прогласување на дел од Осоговските Планини за заштитено подрачје во категорија V - заштитен предел, тргнувајќи од јасна политичка волја и определба да се стават под заштита природните убавини и реткости.

Скопје, 5 мај 2020 (МИА) – Владата на  денешната седница, ги разгледа и усвои Информациите за потребата, како и одлуките за прифатливост за прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје во категорија II – Национален парк и за прогласување на дел од Осоговските Планини за заштитено подрачје во категорија V – заштитен предел, тргнувајќи од јасна политичка волја и определба да се стават под заштита природните убавини и реткости.
Како што информира владината прес-служба, за реализација на оваа одлука Владата го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање да спроведе јавна расправа по овие предлози и конечниот предлог да го достави до Владата на Република Северна Македонија за разгледување и усвојување, најкасно до крајот на месец септември 2020 година. сст/нд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close