Дописници МКДОпштински вести

Започна постапката за конституирање Локално собрание за млади во Пехчево

Во Пехчево почна постапката за конституирање Локално собрание за млади. За таа цел како што информираат од Општината во тек е јавниот повик за формирање на иницијативниот одбор кој, како што додадоа, ќе биде неформална група и ќе ја има улогата за конститутирање на Локално собрание за млади.

Пехчево, 16 јуни 2021 (МИА) – Во Пехчево почна постапката за конституирање Локално собрание за млади. За таа цел како што информираат од Општината во тек е јавниот повик за формирање на иницијативниот одбор кој, како што додадоа, ќе биде неформална група и ќе ја има улогата за конститутирање на Локално собрание за млади.
-Иницијативниот одбор ќе биде составен од пет члена, а во него може да членуваат претставници на младински организации, политички подмладоци, ученички и студентски организации, други облици на младинско здружување кои работат и функционираат на територијата на општината, како и млади лица на возраст од 15 до 29 години, информираа од Општината.
Меѓу главните улоги и задачи на Иницијативниот одбор ја напоменаа соработката со општината при одржување и организирање на конститутивното локално собрание за млади.
-Исто така, неминовна ќе биде поддршката на општината во креирањето или ревидирањето на актите кои го уредуваат формирањето на Локалното собрание на млади, по што, по принципот на јавност и транспарентност ќе се реализираат активности во согласност со општинскиот статут, додадоа од Општината.
Мандатот на членовите на Иницијативниот одбор трае до одржување на конститутивното Локално собрание на млади, а од општината дополнија дека по јавниот повик заинтересираните дополнително ќе бидат известени за понатамошните активности за реализација на оваа иницијатива. вс/сст/

Таг
Back to top button
Close
Close