Дописници МКДОпштински вести

Започна обуката за негуватели за помош и нега на стари лица

Од вторникот започна онлајн обука на 30 кандидати, кои го посетуваат курсот за негуватели за помош и нега на стари лица. Кандидатите во текот на неделава ќе посетуваат настава на лаптоп компјутери од своите домови, а предавач е социјален работник од Општинскиот центар за социјална работа Кичево, информира Јане Кочоски од ОО на Црвен крст Кичево.

Кичево, 7 мај 2021 (МИА) – Од вторникот започна онлајн обука на 30 кандидати, кои го посетуваат курсот за негуватели за помош и нега на стари лица. Кандидатите во текот на неделава ќе посетуваат настава на лаптоп компјутери од своите домови, а предавач е социјален работник од Општинскиот центар за социјална работа Кичево, информира Јане Кочоски од ОО на Црвен крст Кичево.

-Од 4 мај и во наредните два-три месеци кандидатите кои се избрани на конкурсот ќе го посетуваат курсот за негуватели за помош и нега на стари лица. Курсот го посетуваат 20 кандидати од Кичево и 10 од Македонски Брод. Најпрво ќе следат онлајн настава во траење од 3-4 часа на ден пет дена во неделата. Вообичаена практика е по 3-4 дена теоретска настава, да следи ден практика. Овојпат тоа нема да се случи поради Ковид-19, содржината на семинарот е нешто поинаква, бидејќи лицата прво  во целост ќе посетуваат онлајн настава, а потоа ќе преминат на практичниот дел поделени во 5-6 групи, во втората половина од семинарот, рече Јане Кочоски.

Тој потсети дека сите што се избрани на конкурсот редовно ја следат наставата со цврста решеност да се стекнат со меѓународно признат сертификат за негуватели за помош и нега на стари лица и, додаде дека семинарот ќе го одржуваат покрај социјалниот работник и лекар и демонстратор за практична настава.

-Покрај социјалниот работник семинарот ќе го одржуваат и еден лекар и демонстратор за практична настава. Семинарот за сите што се примени на овој конкурс е бесплатен со обврски на кандидадите во наредните година и пол редовно да бидат присутни во Црвениот крст, за што ќе следи и одреден материјален надомест. По завршувањето на овој период избраните кандидати ќе имаат избор каде ќе ја продолжат својата кариера, додаде Кочоски. за/аа/

Таг
Back to top button
Close
Close