Дописници МКДКултураКултура.ПорталОпштински вести

Започна меѓународната ликовна колонија „Гостивар 2020“

Во присуство на десетина млади ликовни уметници и организаторите од Здружението на ликовни уметници „Драудакум“ синоќа беше означен почетокот на годинашното издание на Меѓународната ликовна колонија Гостивар 2020.

Гостивар, 8 август 2020 (МИА) – Во присуство на десетина млади ликовни уметници и организаторите од Здружението на ликовни уметници „Драудакум“ синоќа беше означен почетокот на годинашното издание на Меѓународната ликовна колонија Гостивар 2020.

Годинашното петнаесетто издание има најмногу учесници, но поради пандемијата поголемиот дел своите дела ќе ги творат во домашни услови. Помладите уметници, од вчера и наредниве три дена ќе творат во хотелот „Панорама“ во близина на Гостивар

Претседателот на здружението „Драудакум“, Решат Амети, рече дека уметничката колонија е голема вредност за градот Гостивар, па затоа решиле оваа година да ја одржат покрај условите кои ги наметна пандемијата.

Претставниците на локалната самоуправа, Имрлије Салиу и Министерството за култура, Афан Елези ја поздравија иницијативата и најавија дека ќе продолжат со поддршката на манифестацијата.

Годинава на колонијата учествуваат 70 уметници од целиот свет кои делата ќе ги творат во нивните ателјеа и од дома. По завршување, ќе се организира групна изложба.

Меѓународната ликовна колонија „Гостивар 2020“ е поддржана од Министерството за култура и Општина Гостивар. згм/мд/

Back to top button
Close
Close