Дописници МКДОпштински вести

Започна испораката на огревно дрво за кичевските пензионери

Започна испораката на огревно дрво за кичевските пензионери, кои изразија желба на рати преку Здружението на пензионери да се снабдат со огревно дрво, потврдуваат од кичевското Здружение.

Кичево, 10 јуни 2021 (МИА) – Започна испораката на огревно дрво за кичевските пензионери, кои изразија желба на рати преку Здружението на пензионери да се снабдат со огревно дрво, потврдуваат од кичевското Здружение.

-Според информацијата од добавувачот ШС „Лопушник“ испораката на огревно дрво на рати за нашите членови започна нешто порано од лани. Засега околу педесетина наши членови го добија огревното дрво и ако продолжи испораката со оваа динамика, очекуваме до крајот на летото истата целосно да заврши. Работата е олеснета и од причина што  близу педестина пензионери од лани, годинава не се запишаа на списокот за дрва на рати. Дали причината е ланската задоцнета испорака или се снабдија со дрва од други добавувачи не можеме да знаеме, вели Владо Вељаноски, благајник.

Тој појаснува дека во старт се испорачува дабово дрво и речиси без исклучок сите испораки се во количина од по половина камион или 6,5 кубици. Деновиве поради поројните дождови оневозможена е испорака и таа ќе продолжи откако ќе се подобри временската состојба.

Потсети дека дрвата се плаќаат на шест еднакви рати, по 2200 денари една рата за дабово и 2100 рата за буково дрво .Во цената е вкучен и растовар во домот на нарачателот. за/аа/

Таг
Back to top button
Close
Close