Култура

Започна четиринаесеттото издание на Скупи фестивал

На 17 септември во Куршумли ан во Скопје започна четиринаесеттото издание на Скупи фестивал.

Скопје, 18 септември 2020 (МИА) – На 17 септември во Куршумли ан во Скопје започна четиринаесеттото издание на Скупи фестивал.

Фестивалот го отвори министерката за култура Ирена Сефоска, а се обрати и директорот на фестивалот Музбајдин Ќамили-Мучи. 

Претставата што се прикажа првиот ден од фестивалот е „Црна кутија“ од Театарот Миѓени од Скадар, Албанија.

Програмата за вториот ден предвидува преформанс на претставата  „Граматичко нарушување“ на Српски народен театар од Нови Сад, Србија. ки/сп/

Back to top button
Close
Close