Дописници МКДОпштински вести

Започна асфалтирањето на локален пат во селото Дебреше

Започнаа работите на поставување на асфалтен слој на локалниот пат во селото Дебреше со кој во иднина ќе се олесни комуникацијата на жителите со градот и останатите села. На почетокто на работите приствуваше и градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари кој нагласи дека овој инфрастрктурен проект е дел од годишната програма за работа на општината.

Гостивар, 22 мај 2020 (МИА) – Започнаа работите на поставување асфалтен слој на локалниот пат во селото Дебреше со кој во иднина ќе се олесни комуникацијата на жителите со градот и останатите села. На почетокoт на работите присуствуваше и градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари кој нагласи дека овој инфрастрктурен проект е дел од годишната програма за работа на Општината.

– Малку задоцнивме со реализацијата на овој зафат, но тоа се должеше на пандемијата и условите што таа ги наложи. Овој проект се реализира по барање на жителите кои го наведоа како непходен. Овие денови патот ќе биде целосно завршен со што во овој дел на градот ќе има нов пат со асфалт во должина од 464 метри и ширина од шест метри. Како Општина тука инвестиравме и во реконструкција на улици и поставување канализација и сакаме на овој начин да им ги подобриме условите за живот, изјави Арбен Таравари.

Вредноста на гардежните работи и асфалтирањето на овој пат достигнува 2,7 милиони денари. Средствата беа обезбедени од буџетот на општина Гостивар. згм/оџ/

 

 

Back to top button
Close
Close