Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Запишани 310 првачиња во Штип

Во петте основни училишта во Штип досега се запишани 310 првачиња, а според матичната евиденција треба да има 551 прваче. Разликата се јавува затоа што се евидентираат и децата со македонско државјанство родени во странство. 

Штип, 7 јуни 2021 (МИА) – Во петте основни училишта во Штип досега се запишани 310 првачиња, а според матичната евиденција треба да има 551 прваче. Разликата се јавува затоа што се евидентираат и децата со македонско државјанство родени во странство. 

Билјана Казанџиска, раководител на Секторот за образование, јавни дејности и ЛЕР во Општина Штип истакна дека оваа бројка ќе се зголеми, бидејќи имаат и барања од родители, кои сакаат своите деца да ги запишат во други училишта, а не во реонското, што им е определено.

– Немаме некое драстично отстапување на бројките на запишани првачиња, во споредба со изминатите  три или четири години. Кога ќе бидат разгледени барањата на родителите, тогаш ќе ја имаме конечната бројка за Општина Штип, вели Казанџиска.

Во 11 општини во источниот регион во матичната евиденција на родени во 2015 година евидентирани се околу 1.800, а досега запишани на училиште се 1.100 деца. Надлежните веруваат дека разликата од околу 700 деца ќе се намали во текот на летните месеци и на самиот старт на училишната година. Уписите по електронски пат ќе бидат отворени до септември.вдј/фф/ 

Таг
Back to top button
Close
Close