БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Запалени автомобили и банкомати во шест атински населби

Во период од половина час во текот на ноќта, непознати лица запалиле 11 паркирани автомобили и два банкомати во шест атински населби

Атина, 18 мај 2020 (МИА) – Во период од половина час во текот на ноќта, непознати лица запалиле 11 паркирани автомобили и два банкомати во шест атински населби.

Од противпожарната служба на Грција соопштуваат дека во гаснењето на пожарите учествувале 25 пожарникари со 12 возила, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, дел од запалените автомобили биле во сопственост на компании за брза пошта, а едно запалено комбе било во сопственост на супермаркет.

Во јануари и февруари годинава имаше исти случаи на запалени паркирани автомобили во Атина, а одговорноста, тогаш ја презедоа анархистички групи. ср/

Back to top button
Close
Close