Дописници МКД

Замина првата група доктори која беше во служба на здравјето на дебарни

Од Дебар замина групата лекари специјалисти, кои поради состојбата со коронаврусот, а во услови на потреба од дополнителен персонал, пристигна на 20 март.

Дебар,4 април 2020 (МИА) – Од Дебар замина групата лекари специјалисти, кои поради состојбата со коронаврусот, а во услови на потреба од дополнителен персонал, пристигна на 20 март.

Станува збор за инфектолог, педијатари и пулмолози, кои, како што на испраќањето, рече градоначалникот Хекуран Дука, заедно со нивните дебарски колеги, дадоа непроценлив придонес во заштитата на здравјето на жителите од оваа и општина Центар Жупа.

Текст на благодарност за докторите со нивна заедничка фотографија со градоначалникот Дука, секретарот на општината Или Мирзо и директорот на Општата болница,  Баки Халили, стои и на официјалната веб страница на Општината.

-Хуманизмот што е во душата на лекарите не знае за никаква разлика. Целта е да му се помогне на најсовршеното битие на планетата – човекот. Благодарност од дебарани за докторите Зекерија од Слупчане, Славица од Велес, Бесим од Тетово, Вангел од Скопје и Армир од Скопје за пожртвуваноста за здравјето на дебрани. Вашите колеги и граѓаните од Дебар нема да ве заборават, стои во објавата.

Во Дебар, поточно во Општата болница, веќе пристигна втората група доктори, која е составена од инфектолог, педијатар и двајца пулмолози.

Во Дебар има еден епидемиолог и двајца инфектолози, а двајцата педијатри од приватната педијатриска амбуланта, кои дежураат и во итната помош, беа заразени, па повеќе од неопходно беше дополнителен број лекари. На барањето на Оперативниот штаб на градот позитивно одговори Министертвото за здравство.вт/скс/

Back to top button
Close
Close