Дописници МКД

Заменик министерот за локална самоуправа Павлески во посета на Дебар

Во Дебар денеска престојуваше заменик мнистерот за локална самоуправа, Дејан Павлески.

Дебар, 7 декември 2019(МИА) – Во Дебар денеска престојуваше заменик мнистерот за локална самоуправа, Дејан Павлески.

На средбата со дебарскиот градоначалник Хекуран Дука, присуствуваа и градоначалниците на соседните општини, Центар Жупа, Аријан Ибраим и на Маврово и Ростуше, Медат Куртовски.

Како што информираа од Општина Дебар, на средбата станало збор за проблемите со кои се соочуваат трите општини, како и изнаоѓање поефикасни решенија, со цел подобрување на условите за живот на населението во овој регион.

– Посебен акцент беше ставен на посветеноста за решавање на проблемот со снабдувањето со електрична енергија, односно надминување на проблемот со честите повќечасовни прекини во снабдувањето со електрична енергија,управување со отпадот и проблемот со здравственото осигурување на работниците во Јавното комунално претпрјатие „Стандард“ – Дебар,проблем, кој е во владина процедура, соопштија од Општина Дебар.

Од таму додаваат дека заменик министерот Павлески дал ветување дека решението на овие случаи ќе биде приоритет во работата на Министерството и Владата на Република Северна Македонија.

Инаку, на стотината вработени во ЈКП„Стандард“здравствено и пензиско осигурување не им е платено цели 11 години. Иако придонесите почнаа редовно да им ги плаќаат од јануари 2015 година, поради заостанатиот долг кон Фондот за здравствено осигурување и понатаму не може да користистат задравствени услуги. вт/фф/

Back to top button
Close
Close