Дописници МКДОпштество

Заменик-градоначалникот на Штип нов претседател на Советот за развој на Источно-планскиот регион

Заменик градоначалникот на Штип, Јане Миланов е нов претседател на Советот за развој на Источно-планскиот регион. Ова едногласно го одлучија сите членови на Советот на денешната 16. седница кој се одржува во Берово. Претходно советниците констатираа престанок на мандатот на досегашниот претседател Благој Бочварски поради неговото назначување на функцијата министер за транспорт и врски.

Берово, 11 септември 2020 (МИА) – Заменик-градоначалникот на Штип, Јане Миланов е нов претседател на Советот за развој на Источно-планскиот регион. Ова едногласно го одлучија сите членови на Советот на денешната 16. седница кој се одржува во Берово. Претходно советниците констатираа престанок на мандатот на досегашниот претседател Благој Бочварски поради неговото назначување на функцијата министер за транспорт и врски.

Во своето излагање новиот претседател Миланов изрази надеж за плодна и успешна соработка со своите колеги од Источно-плански регион.

-Благодарам за довербата која ми ја укажаа градоначалниците од Источно-планскиот регион. Се надевам се дека сите заедно ќе соработуваме на начин на кој овој Совет соработува со сите нас, рече Миланов.

Срветот за развој на Источно-планскиот регион на денешната седница ќе расправа по неколку точки меѓу кои и предлог одлуките за преотстапување на детската градинка во населба Сењак во Општина Штип, системот за третман за отпадни води во село Соколораци, општина Чешиново-Облешево и преостапување на објектот „Етно парк Зрновци“.

На 16-тата седница на Советот за развој на ИПР, воедно беше проследена и информацијата за проблеми со имплементираните проекти, како и реализацијата на проектот Агро метеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животна средина во ИПР. вс/вј/

Back to top button
Close
Close