Дописници МКДОпштински вести

 Заменета азбесната кровна конструкција на Здравствениот дом во Велес

Во ЈЗУ Здравствен дом во Велес  заменета е кровната конструкција од азбестно цементни табли стари 70 години. Тие се заменети со еколошки панели кои имаат одлична водонепропустиловост, систем за одводнување и топлинска и звучна изолација. Оваа здравствена установа одвоила шест милиони денари од сопствени средства.

Велес, 7 февруари 2020 (МИА) – Во ЈЗУ Здравствен дом во Велес заменета е кровната конструкција од азбестно цементни табли стари 70 години. Тие се заменети со еколошки панели кои имаат одлична водонепропустиловост, систем за одводнување и топлинска и звучна изолација. Оваа здравствена установа одвоила шест милиони денари од сопствени средства.

Директорот на ЈЗУ Никола Димовски информира кровната конструкција направена од азбестен материјал била во исклучително лоша состојба.

– При најмали врнежи се појавуваа прокапувања во повеќе работни простории кои не можеше да се користат ниту за потребите на персоналот, ниту за пациентите. Дополнително, азбестот како материјал е канцероген, исклучително штетен за здравјето на граѓаните затоа што при подолга изложеност на овие материјали можна е појава на канцерогени заболувања или азбестоза,затоа што и изведовме негова целосна реконструкција рече Димовски.

За оваа година се планира да се обезбедат средства и за обнова на старата дотраена фасада со енергетски ефкасна, а со што ќе се заштеди дополнителна топлинска енергија на објектот.

Воедно, тој информира дека веќе се набавени средства за реновирање на Школската амбуланта и Службата за лабараторија која работи во склоп на ЈЗУ Здраствен дом, а ќе се набави и нов биохемиски анализатор за оваа лабараторија.

Лани од сопствени средства ЈЗУ Здраствен дом  ги реновирал просториите на Службата за Итна медицинска помош, која освен за Велес ги опслужува и жителите на соседните општини Чашка и Градско. Воедно беше поставен и лифт во зградата. Од „Рорати Клубот“- Велес беше набавен медицински мебел за овие простории, а од јапонската амбасада беа ддонирани две специјални теренски возила.ад/фф/

Back to top button
Close
Close