Sport.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Заложничка драма во банка во Москва

Во филијала на „Алфа Банка““ во центарот на Москва непознато лице држи заложници, објавија локалните медиуми.

Москва, 23 мај 2020 (МИА) – Во филијала на „Алфа Банка““ во центарот на Москва непознато лице држи заложници, објавија локалните медиуми.

Според неофицијални извори, полицијата пристигнала на местото на инцидентот и во тек се преговори со напаѓачот.

Посетителот влегол во филијалата на трговската банка и почнал да се заканува дека ќе активира експлозив. Тој побарал вратите да бидат веднаш блокирани и присилно задржал неколкумина вработени, наведуваат руските медиуми, повикувајќи се на полициски извори.

Според РИА Новости, напаѓачот држи шестмина заложници.

Целата област околу банката е моментно блокирана. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close