0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.Портал0_МИА Истражува.ПорталMakedonija.SlajderАнализаОпштество

Законот за спречување и заштита од дискриминација повторно во собраниска процедура, ќе добијат ли граѓаните ефикасна заштита

Новиот Предлог закон за спречување и заштита од дискриминација, во речиси идентична форма во која беше усвоен во претходниот парламентарен состав, а беше укинат во мај од Уставниот суд поради донесувањето без потребното мнозинство од 61 пратеник, е повторно во собраниска процедура. Се очекува тој што поскоро да биде усвоен, со цел граѓаните да имаат каде да се обратат за случаи на дискриминација со кои се соочиле. Во моментов тоа може да го направат само со претставки до Народниот правобранител, но неговите ингеренции се однесуваат само на јавниот сектор. Невладините организации бараат итно донесување на законот, но со измена на постапката за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за, како што велат, да се обезбеди транспарентен процес. Амандмани на законското решение најави и опозицијата во Парламентот.

Back to top button
Close
Close