0_Web_Актуелно0_Web_Избор на уредникот0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Захарова: Обвинувањата за руско мешање во изборите во Северна Македонија се апсурдни

Обвинувањата дека Русија се мешала во неодамнешните парламентарни избори во Северна Македонија се апсурдни, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Москва, 24 јули 2020 (МИА) – Обвинувањата дека Русија се мешала во неодамнешните парламентарни избори во Северна Македонија се апсурдни, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

– Тешко беше да не се забележат на широко распространетите видео пораки на високи западни политичари, вклучително и на шефови на влади и на министри, за време на предизборната кампања во Северна Македонија. Тие отворено и упорно ги повикуваа гласачите во Северна Македонија да гласаат за една или за друга партија. Наспроти позадината на ова странско мешање во работите на една суверена држава, апсолутно се неосновани и изгледаат сосема апсурдни шпекулациите за присуство на одредено руско влијание, изјави Захарова.

Портпаролката на руското Министерството за надворешни работи ги обвини западните земји за двојни стандарди, бидејќи тврдат дека Русија се меша, а нивните лидери отворено се обиделе да влијаат на изборите  во земјава.

Според неа, се изнесуваат нејасни сомнежи и обвинувањата на сметка на Русија, а во исто време „директниот западен притисок врз граѓаните на Северна Македонија се претставува како нешто легитимно“.сп/са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close