0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Загубите на Серија А од февруари до декември, 600 милиони евра

Претседателот на Серија А, Паоло Дал Пино ги процени финансиските загуби што ги претрпе лигата како резултат на пандемијата на коронавирусот.

Рим, 15 ноември 2020 (МИА) – Претседателот на Серија А, Паоло Дал Пино ги процени финансиските загуби што ги претрпе лигата како резултат на пандемијата на коронавирусот.

– Продолжението на шампионатот беше голем успех. Сепак, ситуацијата е многу сериозна. Од февруари до декември, Серија А ќе изгуби 600 милиони евра, од кои 400 доаѓаат од билети, а други 200 од спонзори.

Во исто време, COVID може да биде шанса да го смениме нашиот деловен модел, дури и ако модернизацијата на бизнисот е тешка во таква ситуација. Дискусијата за приватните капитални фондови започна пред пандемијата и сега сме во последната фаза од преговорите. Целта е да ги искористат своите вештини за управување за долгорочна економска стабилност на Серија А, изјави Дал Пино.

Во слична состојба, со големи загуби се и другите четири лиги од најсилните пет европски првенства (шпанско, англиски, француско и германско). зс/

Таг
Back to top button
Close
Close