Svet.SlajderБалканБалкан.ПорталДописници Свет

Загина грчки морнар во пожарот на товарниот брод во Арапското Море

Во пожарот што изби на товарниот брод во сопственост на грчка бродска компанија, додека пловел во Арапското Море, загина еден морнар, повреден е уште еден, а и двајцата се грчки државјани, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 19 август 2020 (МИА) – Во пожарот што изби на товарниот брод во сопственост на грчка бродска компанија, додека пловел во Арапското Море, загина еден морнар, повреден е уште еден, а и двајцата се грчки државјани, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот за поморство и островска политика на Грција Јанис Плакиотакис во интервју за грчката телевизија „Скај“ рече дека од 18 члена на екипажот, пет се Грци, а меѓу нив и загинатиот и повредениот морнар.

– Пожарот е изгаснат, сега членовите на екипажот се обидуваат, доколку можат, одново да ги стават во функција моторите, секако дека се бара и помош. Но, бродот се наоѓа 550 наутички милји од брегот на Оман. Бродот што е најблиску до нив е брод на американската воена морнарица и е на 650 наутички милји. Бродот, всушност, во овој момент плови сам, рече Плакиотакис.

Карго бродот „Фанеромени“ што плови под грчко знаме од Обединетите Арапски Емирати кон Северна Африка е празен, односно без товар, а засега се непознати причините за пожарот. ср/сд/

Таг
Back to top button
Close
Close