0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020ПолитикаПолитички партии

Заев: Зибери не може да им помогне на ДУИ за 20 дена, нив им требаат 4 години во опозиција за да се реформираат

Што да кажам, уште еден шпицен кандидат. Немаме ништо против човекот, но верувам дека неговото учество во вака уценувачка понуда не е соодветно. Тој за 20 дена не може да го реформира ДУИ, на ДУИ му треба поминување во опозиција четири години за да може да се реформира да биде добра партија. Ова го истакна лидерот на СДСМ и носител на листата на Коалицијата „Можеме” во изборната единица број 4, Зоран Заев.

Струмица, 24 јуни 2020 (МИА) – Што да кажам, уште еден шпицен кандидат. Немаме ништо против човекот, но верувам дека неговото учество во вака уценувачка понуда не е соодветно. Тој за 20 дена не може да го реформира ДУИ, на ДУИ му треба поминување во опозиција четири години за да може да се реформира да биде добра партија.

Ова го истакна лидерот на СДСМ и носител на листата на Коалицијата „Можеме” во изборната единица број 4, Зоран Заев, вечерва во изјава за ТВ Сител пред одржувањето на граѓанската трибина во Струмица,  зборувајќи за предлогот на ДУИ Насер Зибери да биде кандидат за премиер.

Верувам, додаде Заев, дека ова е само политика и политиканство затоа што мандатот на крајот на денот го даваат граѓаните.

-Тие бираат личност, кадар посветен, што тоа го докажал досега и верувам дека на 15 јули граѓаните преку својот глас ќе определат кој ќе биде идниот премиер на македонската Влада, истакна Заев.дма/рт/

 

Back to top button
Close
Close