0_Македонија.ПорталОпштество

Заев – Задорожњук: Потенцијал за развој на билатералните односи и ефективна трговска и економска соработка

Претседателот на Владата, Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорката на Украина, Наталија Задорожњук, со која се согласија дека двете земји имаат пријателски односи и услови за продлабочување на економската соработка, зголемување на трговскиот промет и интерес за зајакнување на соработката во повеќе сфери, соопшти владината служба за информирање.

Скопје, 7 септември 2020 (МИА) – Претседателот на Владата, Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорката на Украина, Наталија Задорожњук, со која се согласија дека двете земји имаат пријателски односи и услови за продлабочување на економската соработка, зголемување на трговскиот промет и интерес за зајакнување на соработката во повеќе сфери, соопшти владината служба за информирање.

На средбата, како што се посочува, премиерот Заев истакна дека двете земји имаат заеднички стратешки цели, остварување на евроатлантските интеграции. Со украинската амбасадорка разговарале и за мерките што се преземаат во двете земји за полесно справување со здравствено-економската криза предизвикана од пандемијата на Ковид-19.

-На средбата, амбасадорката Задорожњук на премиерот Заев му предаде честитка од неговиот колега, премиерот на Украина, Денис Шмихал по повод претстојниот празник, 8 Септември – Денот на независноста на нашата татковина со желби за продолжување на традиционално пријателските односи и исполнување на потенцијалот во поглед на ефективна билатерална соработка, стои во соопштението. рп/лв/

Back to top button
Close
Close