ПолитикаПолитички партии

Заев: Вонредната состојба значи повеќе можности за Владата да се справува со коронавирусот и со економските последици.

Лидерот на СДСМ Зоран Зев вечерва ја поздрави иницијативата на Владата, како и одлуката на претседателот Стево Пендаровски за прогласување вонредна состојба со оценката дека таа значи повеќе можности за Владата да се справува со коронавирусот и со економските последици.

Скопје, 18 март 2020 (МИА) – Лидерот на СДСМ Зоран Зев вечерва ја поздрави иницијативата на Владата, како и одлуката на претседателот Стево Пендаровски за прогласување вонредна состојба со оценката дека таа значи повеќе можности за Владата да се справува со коронавирусот и со економските последици.

-Во однос на начинот на функционирање на државата и општеството, вонредната состојба сама по себе не воведува нови ограничувања за граѓаните. Додека не се донесат нови мерки од Владата, сѐ останува исто во поглед на секојдневниот живот. Маркетите и натаму ќе работат, компаниите исто така, а институциите непречено ќе ги извршуваат сервисите. Во овој момент нема нови ограничувања на движењето на граѓаните, вели Заев на неговиот фејсбук профил.

Во услови на вонредна состојба, додава, Владата добива и законодавна и извршна власт. Со тоа се олеснува нејзината работа во време на кризи и може да носи одлуки многу побрзо и поефикасно за добро на граѓаните, односно да управува со ресурсите на државата.

-Уште еднаш сакам да ја поздравам иницијативата на Владата, како и одлуката на Претседателот Стево Пендаровски за прогласување вонредна состојба. На сите нас останува да се придржуваме до мерките и препораките на институциите, со цел побрзо надминување на состојбата предизвикана од коронавирусот, посочува Заев. вг/са/

Back to top button
Close
Close