0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020ПолитикаПолитички партии

Заев: Во првите 100 дена од мандатот експертска домашна и меѓународна комисија ќе ги постави темелите на прочистување во правосудството

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вечерва во гостување во Телевизија Телма ги најави процесите што новата Влада предводена од СДСМ и коалицијата „Можеме“ ќе ги преземе во областа на правосудството. 

Скопје, 10 јули 2020 (МИА) – Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вечерва во гостување во Телевизија Телма ги најави процесите што новата Влада предводена од СДСМ и коалицијата „Можеме“ ќе ги преземе во областа на правосудството.

– Тргнувме со прочистувањето на правосудството онака како што укажа Европската комисија тоа да го направиме. Прочистувањето таргетира индивидуална одговорност и преземање на одговорноста наместо колективната со распуштањето на правосудството. Во минатиот период улогата на Владата беше да ги напише законите, со Венецијанска комисија и со Европската комисија тоа го направивме. Во Парламентот задача беше да се изгласаат тие закони и тоа беше направено дури и во областа на двотретинските закони како што е законот за јавното обвинителство. Делот на практичната примена сега доаѓа на повидок. Преку прочистување во правосудството, секој судија што застарувал предмет ќе биде разрешен од експертска домашна и меѓународна мешовита комисија создадена уште во првите 100 дена ќе ги постави темелите на прочистување на правосудството. Антикорупциска комисија преку УЈП и другите институции ќе врши проверка на имот, потекло на пари на судии, обвинители вклучително и на политичари, рече Заев, одговарајќи на прашање кое се однесуваше на планираното прочистување на правосудството.

Образложи дека е здраво за државата во следните четири неповторливи години да ги максимзираме капацитетите, да ги дигнеме стандардите и да ги европеизираме институциите.

– Без правна држава и еднакво владеење на законот и правото нема ни економија, нема ни добро здравство, нема ни добро образование. Овде е темелот за се. Затоа велиме уште во првите 100 дена стартуваме со оваа постапка за прочеистување на правосудството, ќе има комплетна ревизија и на предметите. Тоа мора да се направи, истакна Заев во своето гостување на Телма.

Претседателот на СДСМ одговорајќи на прашање позврзано со постизборното коалицирање, нагласи дека  СДСМ има најголем потенцијал за коалицирање, заради вредностите коишто ги негува и споделува.
-Нашата Коалиција е најголема и во неа сме обединети сите, од сите етнички заедници.  Гаранцијата за успех лежи во нас. Овие другите се закануваат дека ќе уништат се. Отидоа и до поништување на Охридскиот рамковен договор од 2001 година, Преспанскиот договор, Договор со Бугарија, ги загрозуваат евроинтегративните процеси. Заради здравјето на државата ќе ги поразиме сите национализми на овие избори. Национализмите немаат иднина, тоа е лажен патриотизам. Тоа време заврши. Мицкоски ветува редефинирање на Уставот, да прави повторно чиста Македонија. Каде води тоа. Мораме да ја демократизираме државата, европските вредности ги сакаат луѓето. Сакаат правосудство, сакаат здравство, рече Заев.
Во однос на досегашниот коалициски партнер, претседателот Заев нагласи дека е здраво и за државата и за ДУИ да оди во опозицијата, откако 17 години беше на власт.
-Доаѓа време кога треба да работиме дома многу, на економија, на правосудство, на здравство и мислам дека би било полесно, ако ДУИ се во опозиција. Со ДУИ донесовме историски одлуки, се завршија важни процеси, ја дигнавме економијата, но имаше и слабости. Особено во делот на транспарентноста и отчетноста. Немам предрасуди за етничката припадност за кој било кандидат, за која било функција, но  ДУИ не одлучува за оваа работа.  Уцени не прифаќаме никако, додаде Заев.
Тој оцени дека Програмата на СДСМ и на Коалицијата „Можеме“ е реална и остварлива и нагласи дека за само две и пол години СДСМ успеа да ја подигне економијата за 5,4 проценти, да пораснат платите, пензиите, стопанството да биде помогнато. Заев нагласи дека граѓаните ценат дека за толку кусо време се донесени вистински и храбри одлуки, нашиот евроинтеграциски пат е отворен и тоа е гаранција дека економски развој и напредок е можен. рп/дма/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close