0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020ПолитикаПолитички партии

Заев вели дека има коалициски капацитет за нов мандат

Победа и стабилна коалиција очекува лидерот на СДСМ Зоран Заев од престојните избори, при што не ја исклучува можноста за постизборно коалицирање и доколку освојат 61 пратеник. 

Скопје, 5 јули 2020 (МИА) – Победа и стабилна коалиција очекува лидерот на СДСМ Зоран Заев од престојните избори, при што не ја исклучува можноста за постизборно коалицирање и доколку освојат 61 пратеник.

Идејата на ДУИ за прв премиер Албанец, Заев во интервјуто за МИА ја оцени како комплетно популистичка политичка стратегија и националистичка порака, нешто што било присутно во времето на Груевски и Ахмети.

-Затоа рековме здраво е ДУИ после 17 години, навистина тоа е долг период да се биде власт да премине во опозиција, здраво е за нив за да може да дојдат едни нови сили коишто со забрзано темпо ќе ги направат до крајот реформите во државата, вели Заев.

Додава дека „Можеме“ дури и доколку освои 61 пратеник, ќе прави постизборна коалиција, првенствено за да бидат соодветно застапени етничките заедници.

-Тоа треба да го правиме во периодот којшто претстои дури и со 61 пратеник. Еве теоретски, ако народот одлучи да ни даде таква одговорност ние ќе влеземе во коалиција, во разговори, сите опции се отворени, дури и ДУИ ако го тргне ваквиот услов, ние немаме проблем да разговараме. Алијанса и Алтернатива и тоа како се дел од нашата комуникација. Заедно ги гласавме дел од реформите,уставните промени, Законот за ЈО и верувам дека имаме најмалку минимум соработка за да може да градиме заедничка платформа, владина програма за во иднина за да успееме како коалиција, а секако и постојат и опции помеѓу другите пратеници коишто ќе бидат избрани во Собранието, нагласи Заев во интервјуто за МИА.

Упати апел до граѓаните да излезат да гласаат, бидејќи, како што посочи мошне е важен легитимитетот на институциите.

-Затоа многу често кампањата се сведува на јавување, на пораки на мејл до луѓето. Одиме некаде од врата до врата, каде што граѓаните не повикуваат, секако никако кај оние ризични категории на болни луѓе или оние со хронични болести. Тоа го правиме на начин на којшто го ставаме изборниот материјал во кесенце, како што треба за да може да си прочитаат граѓаните. Се обидуваме да им создадеме атмосфера дека е безбедно три до пет минути да се гласа. Верувам дека успеавме во тоа, вели Заев. ац/дма/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close