0_Македонија.ПорталВидеоВидео изјаваПолитика

Заев со децата од театарската група „Ветерница“: Домашниот бренд „Европа“ е нашата Европа дома

Премиерот Зоран Заев денеска заедно со децата од театарската група „Ветерница“ беа на предновогодишна посета на производствените погони на фабриката за чоколадо, бонбони, вафли и локум „АД Европа“, соопштија од прес-службата на Владата на РСМ.

Скопје, 23 декември 2020 (МИА) –  Премиерот Зоран Заев денеска заедно со децата од театарската група „Ветерница“ беа на предновогодишна посета на производствените погони на фабриката за чоколадо, бонбони, вафли и локум „АД Европа“, соопштија од прес-службата на Владата на РСМ.

-Годинава е во сосема поинакви услови и поради пандемијата од корона вирусот не можеме со повеќе дечиња да ја посетиме фабриката за кондиторски производи АД „Европа”. Но, затоа Владата обезбеди новогодишни подароци за сите 126 деца кои живеат во 23 групни домови низ државата, како и во Дневниот центар за деца на улица и Прифатен центар за бездомни деца. Подароците содржат и книги, боенки, сликовници, кои ќе им бидат доставени на нивните адреси. Денеска заедно со децата од театарската група „Ветерница“, во фабриката за чоколади, кои се најомилени, поминавме еден прекрасен дел од денот, кој нè наполни со енергија, ја пренесува власината прес-служба изјавата на Заев.

Како Влада, дополнил, посветени сме на поттикнувањето и развивањето на децата, да им дадеме слобода за правилно изразување  на нивните способности,  чувства, креативност, снаодливост, да ги оспособиме за донесување на храбри одлуки во животот.

– Се наоѓаме во „Европа“. Домашна компанија која постои еден век, поточно од 1882 година. Насочена е кон постигнување на современите трендови и во потрага за остварување на најдобрите практики, со почитување на највисоките стандарди на купувачите. Прерасна во модерна фабрика за производство на чоколади, бонбони, вафли и локум, постојано ребрендирајќи ги сите свои производи, следејќи ги модерните и највисоки технологии за производство и иновации, истакнал премиерот Заев. оџ/лв/

 

Back to top button
Close
Close