0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталПолитикаПолитички партии

Заев: Снимките за Мицкоски ги пушта некој од присутните на состанокот

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска изјави дека ја исклучува можноста СДСМ да ги пушта во јавност разговорите што се појавија деновиве а на кои се слуша гласот на лидерот на опозоцијата Христијан Мицкоски. Претпоставував дека тоа го прави некој од присустните на состанокот на кој имало три лица.

Скопје, 27 јуни 2020 (МИА) – Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска изјави дека ја исклучува можноста СДСМ да ги пушта во јавност разговорите што се појавија деновиве, а на кои се слуша гласот на лидерот на опозоцијата Христијан Мицкоски. Претпоставував дека тоа го прави некој од присустните на состанокот на кој имало три лица.

-Прво видовме како се снимале состаноци, секакви луѓе и претпоставувам некои од тие што биле на тие состаноци ги има снимано разговорите и ги има пуштено. Кога Заев поседуваше докази јавно ги објавуваше на транспарентен начин во СДСМ и секогаш кога ќе поседуваме докази ќе ги објавиме јавно и ќе ги доставиме до институциите на системот, изјави денеска лидерот на СДСМ на прашањето кој ги пушта разговорите за претседателот на ВМРО-ДПМН Христијан Мицкоски на интернет.

Според него, народот од политичарите очекува позитивна кампања, да слушне понуда на решенија, на перспектива, на иднина, сето она што е важно за секое семејство, за децата, за младите.

-Ние продолжуваме да водиме исклучително позитивна кампања, а веројатно ќе се дознае и кој ги објавува разговорите и веројатно граѓаните можат да претпостават како и јас што можам да претпоставам како слушател на таквите разговори, рече Заев.

Тој ја исклучува можноста тие снимки да се пуштани од СДСМ или од некој од СДСМ бидејќи кога имала партијата што да објави тоа јавно го правела, со транскрипти и доставување до медиумите.

На состаноците, како што вели Заев, од она што можело да се чуе имало три лица Мицкоски, женскиот глас што се слуша и Зоран Милевски Кичеец.

Во однос на распитот за Ден Дончев, лидерот на СДСМ рече дека внимателно го следи случајот и дека начинот на кој министерот за внатрешни работи Наќе Чулев сака да го прикаже е заради политички цели.

– Внимателно ги следам сите развои на настаните од ваков аспект заради тоа што Ден Дончев беше директор на Фондот за здравствено осгигурување. Јавното обвинителство води истрага на еден од поранешните, сегашните, сопственици на Диамед, а секако има истрага и за Диамед, а начинот на кој Чулев сака тоа да го прикаже е секако е нешто што е заради политички цели. Обвинителството дава налог некој да биде повикан, да биде сослушан, да биде изведен пред истражен судија. Министерот Наќе Чулев тоа го прави заради политички маркетинг, рече Заев.

Тој, како што кажа, очекува во полиција да бидат повикани и лидерот на опозоцијата Христијан Мицкоски, Орце Камчев осомниен во случајот „Империја“, според истите аршини како што го направиле со Ден Дончев. ев/са/

 

 

Back to top button
Close
Close