0_Македонија.ПорталМакедонија.СлајдерПолитикаПолитички партии

Заев: Случувањата од 27 април во Собранието да не се заборават и да не се повторат

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска на својот фејсбук профил потсети на случувањата во Собранието на 27 април со порака да не се заборават и да не се повторат.

Скопје, 27 април 2020 (МИА) – Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска на својот фејсбук профил потсети на случувањата во Собранието на 27 април со порака да не се заборават и да не се повторат.

-Поминаа три години од крвавиот четврток – 27 април, кога за својот живот во Собранието се бореа пратеници, новинари, вработени во Законодавниот дом. Сценарио креирано со цел ВМРО-ДПМНЕ да ја задржи власта, во кое требаше да бидат убиени луѓе, да предизвикаат војна, да ја уништат иднината на државата. Да не го заборавиме и да не дозволиме никогаш да се повтори!, напиша Заев на фејсбук. сст/лв/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close