ПолитикаПолитички партии

Заев: Следниот мандат ќе го посветиме на постигнување успеси на домашен план

Лидерот на СДСМ Зоран Заев земјава за четири години од сега ја гледа како европска земја со отворени и затаворени 80 отсто од поглавјата за членство во ЕУ, со пријатели кои со неа споделуваат искуства и помагаат. До 2024 година тоа ќе биде земја која покажала успеси на домашен план како што тоа го направи во изминатиот период на меѓународен план. Потенцира дека земјава само со Влада предводена од СДСМ може да ги постигне овие цели и оти со влада предводена од ВМРО-ДПМНе само ќе се врати наназад во режимскиот период.

Скопје, 22 јуни 2020 (МИА) – Лидерот на СДСМ Зоран Заев, земјава за четири години од сега ја гледа како европска земја со отворени и затворени 80 отсто од поглавјата за членство во ЕУ, со пријатели кои со неа споделуваат искуства и помагаат. До 2024 година тоа ќе биде земја која покажала успеси на домашен план како што тоа го направи во изминатиот период на меѓународен план. Потенцира дека земјава само со влада предводена од СДСМ може да ги постигне овие цели и оти со влада предводена од ВМРО-ДПМНе само ќе се врати наназад во режимскиот период.

-Во 2024 ќе биде земја која покажала огромни успеси на домашен план како што тоа го направивме на меѓународен план. Следниов четиригодишен период ќе биде поериод на посветеност дома, на економијата, на реформи на институциите, на владеење на правото, на уште посилен здравствен систем што ќе го почитуваме сите и ќе го јакнеме за сите, со образование кое е неопходно и заради економија и заради здравство, и заради правна земја , правна држава…, рече на денешната прес-конференција Заев.

Тој кажа дека владата и во иднина ќе продолжи да работи напорно за да овозможи иднина за сите граѓани дома, а не надвор од земјава.

-Иднина дома не надвор, иднина во која секој за себе и за своите деца ќе може јасно да планира  да се надева, да знае дека може да се успее тука, дека може да креира тука да чекаат и деца и внуци тука, а не по белиот свет, земја каде што инвеститорите ќе продолжат да инвестираат и домашни и странски отворајќи работни места но со достоинствени плати. Плати кои покажавме дека може да растат, рече претседателот на СДСМ.

Тој потенцира дека изборот на граѓаните на овие избори е лесен, треба да избираат, како што посочи, помеѓу одговорна партија како СДСМ и неодговорна како ВМРО-ДПМНЕ, која ништо не пропменила во изминатиот период.

Лидерот на СДСМ најави пријави против ВМРО-ДПМНЕ поради, како што рече, предвремено започнување на предизборната кампања. Тој истакна дека опозициската партија продолжила да се
однесува антидржавно, и оти делењето партиски пропаганден материјал е кулминација на нивното однесување

-Нивното антидржавно однесување беше обележје во сите овие три години како опозиција. Беше обележје и во време на за заштита од коронавирусот, а ВМРО-ДПМНЕ застанала во одбрана на
партиските интереси. Од една страна е СДСМ, посветена на промоција и почитување на мерките и
законите, а од друга страна е ВМРОДПМНЕ кои не почитуваат закони, а нивниот претседател Мицкоски не почитува мерки и задолжение за заштита од коронавирусот. Додека сите капацитети на државата се ставени во одбрана од пандемијата, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, како по обичај застанаа во одбрана на партиското профитерство, на штета на граѓаните и јавното здравје. Јасно е кој промовира превентивни мерки, а кој свесно и ги крши, рече на прес-конференцијата Заев.сст/са/

Прес-конференција на претседателот на СДСМ, Зоран Заев

Posted by MИА.mk on Понеделник, 22 јуни 2020

м

 

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close