0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderВидеоПолитика

Заев, Шекеринска и Џафери на носачот на авиони „Хари С. Труман“ се сретнаа со адмиралот Џејмс Фого

Премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и претседателот на Собранието Тала Џафери се сретнаа денеска со адмиралот Џејмс Фого, командант на американските поморски сили за Европа и Африка и командант на Здружените сојузнички сили на НАТО во Неапол.

Скопје, 9 декември 2019 (МИА) – Премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и претседателот на Собранието Тала Џафери се сретнаа денеска со адмиралот Џејмс Фого, командант на американските поморски сили за Европа и Африка и командант на Здружените сојузнички сили на НАТО во Неапол.

За средбата на својот фејсбук профил информираше премиерот Заев, посочувајќи дека таа се одржала на носачот на авиони „Хари С. Труман“.

-Тоа беше можност одблиску да се доживеат импресивните воени способности на воено поморските сили на САД, кои им служат на американските, но и на сите граѓани на земјите членки на НАТО Алијансата. Стануваме дел од најмоќната воено-безбедносна и политичка алијанса на светот и во историјата на човечката цивилизација, се вели во статусот на премиерот.

Тој додава дека Северна Македонија припаѓа во најсилниот систем на колективна безбедност.

-Најсилните земји во светот се наши сојузници, а Северна Македонија е 30. полноправна земја членка на НАТО, вели премиерот во неговата објава.

За средбата на Фејсбук напиша и министерката за одбрана Шекеринска.

-Ден полн со адреналин. Слетавме на носачот на авиони „Хари С. Труман“. Заедно со премиерот Зоран Заев и шефот на парламентот Талат Џафери, таму имавме средба со адмирал Џејмс Фого, командант на американските поморски сили за Европа и Африка и командант на Здружените сојузнички сили на НАТО во Неапол. Тоа беше можност одблиску да се доживеат импресивните капацитети на воздушно поморските сили на САД и на НАТО. Стануваме 30. членка на Алијансата и веќе сме дел од семејството, напиша Шекеринска. ац/

Стануваме дел од најмоќната воено-безбедносна и политичка алијанса на светот!

Заедно со министерката за одбрана Радмила Шекеринска и Претседателот на Собранието, Талат Џафери, остваривме средба со адмирал Џејмс Фого, командантот на американските поморски сили за Европа и Африка и командант на Здружените сојузнички сили на НАТО во Неапол, која се одржа на носачот на авиони „Хари С. Труман“. Тоа беше можност одблиску да се доживеат импресивните воени способности на воено поморските сили на САД, кои им служат на американските, но и на сите граѓани на земјите – членки на НАТО Алијансата.Стануваме дел од најмоќната воено-безбедносна и политичка алијанса на светот и во историјата на човечката цивилизација.Северна Македонија припаѓа во најсилниот систем на колективна безбедност. Најсилните земји во светот се наши сојузници, а Северна Македонија е 30та полноправна земја членка на НАТО.

Posted by Zoran Zaev on Понеделник, 09 декември 2019

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close