0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталМакедонија.СлајдерПолитика

Заев сè уште оптимист за законот за ЈО, не гледа никаква причина за одложување на изборите

На секој во државата му е веќе јасно дека Мицкоски и опозицијата не сакаат законско решение за јавното обвинителство. Уште еднаш ги повикувам да ме демантираат ако не е така, рече денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев пред средбата со компаниите членки на Стопанската комора Македонија – Турција (МАТТО).

Скопје, 4 февруари 2020 (МИА) – На секој во државата му е веќе јасно дека Мицкоски и опозицијата не сакаат законско решение за јавното обвинителство. Уште еднаш ги повикувам да ме демантираат ако не е така, рече денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев пред средбата со компаниите членки на Стопанската комора Македонија – Турција (МАТТО).

Одговорајќи на новинарско прашање во врска со последниот предлог на Мицкоски, Заев нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ можеше да понуди закон преку експерти пред две години, шест или три месеци.

Далеку од сериозен е, рече, предлогот на Мицкоски според којзаконот веројатно би се донел до ноември годинава, а ваквата несериозност граѓаните ја препознаваат.

Заев напомена дека земјава е во фаза на неколку денови пред распуштање на Парламентот и денеска на владина седница, требаше да се усвои законско решение за да има доволно време да поминат процедурите и во Собранието. Тој потврди дека мнозинство за гласање се уште нема, но се прават напори за негово обезбедување.

Во однос на законското решение, сериозни сугестии дале дел од опозициските албански партии и повеќето од нив се прифатливи. Прифатливи се и некои од мислењата на независната пратеничка група, но дел се, како што рече Заев, тешко прифатливи. За законот ќе биде консултирана и европската делегација во Скопје.

Претседателот на СДСМ не гледа никаква причина за одложување на изборите кои се закажани за 12 април, но можно е, рече, евентуално пролонгирање на распуштањето на Собранието. Сепак тој нема да дозволи, како што нагласи, пратениците од СДСМ да го стиснат копчето за распуштање на Парламентот пред да бидат донесени клучните закони, меѓу кои и оној за јавното обвинителство.

-Предлози за законот за јавно обвинителство доставија сите кои учествуваат во работните групи. Амандамните кои се разгледуваат, и оние од незавинсите пратенички групи, верувам ќе бидат обелоденети. Направија состојба да ја стават Владата во сериозно размислување за да види што е она што може да го прифати, а да не се поминат црвените линии на ЕУ заради европската регулатива која сакаме да ја преточиме во законот, истакна Заев.

Би било неразумно, дополни, законот да не се донесе сега, пред избори, со што земјава би пратила сериозен сигнал до ЕУ дека прави се за да ги спроведе реформите.

Заев откри и дека денеска сугерирал законот за јавно обвинителство да се помести како точка од дневниот ред на денешната владина седница за четврток само за да се дочекаат и да се затворат предлозите.

-Конечното решение со сите сугестии нема да биде лесно да се усогласи, но ќе седнеме и ќе работиме до ниедно време за да донесеме правично решение. Во разговорите со независните пратенички групи има сериозни предлози, ја сфаќам нивната суштина. Тоа е и една од причините за одложување на точката од владината седница за внимателно да ги разгледаме, но верувам дека и ВМРО-ДПМНЕ може да достави вакви предлози. Допрва да се формира работна група од експерти кои би работеле на законско решение, би било предложено кога, во октомври 2020? Догодина на пролет? Дајте сериозно да ја сфатиме работата, за нашата земја се работи и за исполнување на стратешка цел – почеток на преговори со ЕУ која носи благидет за сите. Навистина сакам да ме демантираат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека не се против законско решение и дека не сакат намерно да го опструираат неговото донесување, а тоа ќе го направат ако дадат предлози, подвелече Заев.

Во врска со Парламентот истакна дека може да се користи периодот од 45 до 60 дена за распуштањето.

-Изборите можат пак да бидат распишани, и на 60 дена, но распуштањето на Парламентот заради вакво законско решение ако треба ден, два, три, пет, седум, нема проблем никаков да биде тоа направено, како што рече и претседателот на Собранието, смрзнувајќи ги неопходните рокови на ДИК, но тие се врзани со распишување на изборите, не се врзани со распуштањето на Парламентот, рече претседателот на СДСМ.

Тој уште еднаш изрази надеж дека до распуштањето на Собранието, ќе бидат донесени законот за одбрана и за јавно обвинителство, како и Протоколот за НАТО кои се исклучително значајни за земјава.

-Верувам дека до рокот за распуштање на Парламентот, до 12-ти, ќе ги изгласаме независно дали ќе поминат или не, а секако, ако има потреба од неколку дена, тоа ќе биде овозможено, истакна Заев.

Законот за јавно обвинителство може да биде изгласан со консензус, на што Заев се надева, со 80 и повеќе пратеници или воопшто да не помине.

-Наша должност е да го ставиме на гласање и да испратиме сериозна порака до Европската комисија. Во однос на тоа што се дава како предлози се однесува на користењето на материјалите, истрагите, како тоа мора да биде дефинирано, континуитетот на предметите. Верувам дека пратеничката група денеска, утре, задутре ќе ги објасни сите овие работи и нам како Влада ќе ни помогне да сфатиме зашто има сериозна аргументација внатре, но не сакаме да донесеме полошо законско решение. Верувам дека процесот низ дијалог и разговор секогаш дава решение. Синоќа многу од работите ми изгледаа тешки, но разговараме, предлозите се на маса. На крајот може и да не се договориме, а може и ќе се договориме, повтори Заев. мч/дма/

 

Back to top button
Close
Close