0_Македонија.ПорталBiznis.SlajderОпштествоПолитички партии

Заев: Се преземаат најсоодветните економски мерки, согласно можностите – сите да бидеме солидарни

За да биде финансискиот систем на земјата стабилен во кризни состојби како оваа со коронавирусот, најпрво треба да повлечеме пари од надвор, да ги исцрпиме тие можности до крај и дури потоа да се свртиме кон дома. Ликвидноста сега е најбитна, да се овозможи државата да функционира нормално, рече вечерва лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Скопје, 2 април 2020 (МИА) – За да биде финансискиот систем на земјата стабилен во кризни состојби како оваа со коронавирусот, најпрво треба да повлечеме пари од надвор, да ги исцрпиме тие можности до крај и дури потоа да се свртиме кон дома. Ликвидноста сега е најбитна, да се овозможи државата да функционира нормално, рече вечерва лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Во гостувањето на „Само интервју“, Заев напомена дека Буџетот е полн и неговата реализација е максимална. Економските мерки што ги предложи СДСМ се во координација со стопанството. Но, мора да се знае, како што истакна, колкав е реалниот капацитет за помош и во тие рамки да се делува. Притоа, сите треба да бидат солидарни и да понесат дел од товарот.

-Ова се правила кои треба да се следат. Ликвидноста е клучна, а вистинска државничка политика е да се мисли на се, на сите и до крајот на годината. Имаме здрав финансиски систем, координиран меѓу власта, народната банка, стопанството и комерцијалните банки. Суштината во вакви услови е да се обезбедат пари од надвор. Не земаме од домашните банки, туку од надвор. Повлекуваме колку што треба, обезбедуваме доволно за да ги задржиме основните функции на државата. Тоа носи девизна стабилност и не ги загрозува домашните потенцијали. Не треба да се чепка во вториот пензиски фонд, тоа се пари на граѓаните. Не ги земаме ниту благајничките записи. Ова е ликвидносната состојба што треба да ја чуваме. Првиот чекор е земање пари од надвор, потоа се вртите кон дома, напомена Заев.

Тој е дециден дека во моментов се прави максимум и се она што вистински може да се стори и да се преземе.

Се осврна и на вториот пакет мерки кој, меѓу другото, предвидува секоја компанија да добие по 14.500 денари по работник за април и мај.

-Ова е време на криза, нема екстра приходи, плаќање кредити и извршители. Треба да го пребродиме периодов. Државата финансисра 70 отсто од вкупните давачки на компаниите за плата, истакна лидерот на СДСМ, Зоран Заев. мч/сст/

 

 

 

 

Back to top button
Close
Close