0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020ПолитикаПолитички партии

Заев: СДСМ е посветена на изградба на крупни капитални проекти

СДСМ е посветена на изградба на крупни капитални проекти што ќе донесат долгорочни позитивни ефекти за подобар живот на сегашните и идните генерации, изјави денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев, при посетата на локацијата каде гради брана Речани како дел од хидросистемот „Оризарска река“.

Кочани, 3 јули 2020 (МИА) – СДСМ е посветена на изградба на крупни капитални проекти што ќе донесат долгорочни позитивни ефекти за подобар живот на сегашните и идните генерации, изјави денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев, при посетата на локацијата каде гради брана Речани како дел од хидросистемот „Оризарска река“.
Според Заев, има значителен напредок во изградбата на браната, која, потенцираше, е инфраструктурен проект од големо значење за кочанскиот регион особено за плодното кочанско поле.
Браната, наведе Заев, годишно ќе собира 22 милиони метри кубни вода што е еквивалент за 80 илјади жители и ќе придонесе за навремено и квалитетно снабдување со вода на третина од земјоделските површини во кочанско, а преку две мали хидроцентрали ќе се произведува и електрична енергија.  Вредноста на инвестицијата е 30 милиони евра.
-Идејата за оваа огромна брана датира од 60-те години на минатиот век. Патот го изгради  Министерството за земјоделство, а висината на браната ќе биде над 80 метри. Покажавме на дело дека и во вонредни услови со целосно почитување на препораките за заштита продолжуваат интензивно градежните работи за изградба на значајни инфраструктурни проекти. Низ целата држава забрзано се градат крупни капитални проекти од витално значење за граѓаните и државата, рече Заев.лв/са/

Back to top button
Close
Close