0_Македонија.ПорталПолитикаПолитички партии

Заев: Постигнавме договор со ДУИ за владина коалиција

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска објави дека денеска е постигнат договор за создавање парламентарно мнозинство, формирање нова влада и за поделба на министерствата со ДУИ. Заев објави исто така дека нивниот денешен договор треба да го потврдат највисоките тела на партијата.

Скопје, 18 август 2020 (МИА) – Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска објави дека денеска е постигнат договор за создавање парламентарно мнозинство, формирање нова влада и за поделба на министерствата со ДУИ. Заев објави исто така дека нивниот денешен договор треба да го потврдат највисоките тела на партијата.

-Ја прецизиравме и потврдивме рамката за идната соработка меѓу СДСМ и колацијата Можеме и ДУИ, рече Заев, кој посочи дека ќе ја предводи владата во следните четири години.

Заев имаше средба со Ахмети за постигнување конечен договор за формирање на влада, на која присуствуваа и генерлните секретари на партиите Артан Груби од ДУИ и Љупчо Николовски од СДСМ. ев/бк/

Изјави по лидерската средба Заев-Ахмети

Posted by MИА.mk on Вторник, 18 август 2020

Back to top button
Close
Close