БизнисБизнис.ПорталЕкономијаПолитички партии

Заев: Подготвуваме трет сет економски мерки за заживување на економијата

Државата постои за граѓаните, да им помогне полесно да ги пребродат последиците од оваа криза и затоа подготвуваме трет сет економски мерки, наменет за заживување на економијата, изјави денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Скопје, 4 мај 2020 (МИА) – Државата постои за граѓаните, да им помогне полесно да ги пребродат последиците од оваа криза и затоа подготвуваме трет сет економски мерки, наменет за заживување на економијата, изјави денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев.

-Заклучно со вчера, иако беше викенд, имаше 3.747 компании кои аплицираа за економските мерки, тоа е огромна бројка за време на викенд и ја користам приликата да апелирам до фирмите да продолжат да аплицираат, бидејќи тоа се нивни пари, за да можат да ги сочуваат работните места, да дадат плата за месец април, донесовме дополнителна флексибилност на мерките само за да се зачуваат работните места, рече поранешниот премиер во емисијата „Утрински брифинг“.

Во оваа криза се бориме за сочувување на работните места, нагласи Заев, додавајќи дека бројот на лицата, кои останале без работа во текот на кризата е под 7.000.

Тој ги повика граѓаните што останале без работа да се обратат во Агенцијата за вработување, да поднесат барање за предвидената помош и да земат  50 отсто од платата.

Мерките што ги презедовме во овие две и пол години, додаде Заев, обезбедија сега спремни да ја дочекаме кризата.

-Ние и пред кризата спроведувавме низа мерки да ги извлечеме од сиромаштија најсиромашните, ја зголемивме социјалната помош за 300 отсто, донесовме досега најголемо покачување на пензиите од над 700 денари за сите пензионери, рече Заев. ев/скс/

Back to top button
Close
Close