0_Македонија.ПорталПолитикаПолитички партии

Заев: Подготвени сме за преговори со ЕУ, треба да продолжат паметните и храбрите одлуки

Денес сме извесна 30-та земја членка на НАТО, најмоќниот сојуз во светот. Влеговме во НАТО, можеме и во Европската Унија. Изминатите три години донесовме  тешки, паметни и храбри одлуки за решавање на децениските прашања. Одлуки кои беа  неопходни за да направиме стабилна  држава која може да спроведе големи економски промени, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев на прес-конференција попладнево во партиското седиште.

Скопје, 3 март 2020 (МИА) – Денес сме извесна 30-та земја членка на НАТО, најмоќниот сојуз во светот. Влеговме во НАТО, можеме и во Европската Унија. Изминатите три години донесовме  тешки, паметни и храбри одлуки за решавање на децениските прашања. Одлуки кои беа  неопходни за да направиме стабилна  држава која може да спроведе големи економски промени, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев на прес-конференција попладнево во партиското седиште.

Освен што значи безбедност  и стабилност, членството во Алијансата носи  и повеќе пари за граѓаните.  Само по добивањето на поканата за членство  за НАТО во 2018 година, странските инвестиции, рече Заев, достигнаа рекорден износ зголемен за над  300 отсто  во споредба со износот во 2017 година. Невработеноста е на рекордни најниски 17 отсто, а платите растат во сите сектори. Довербата во македонската економија е вратена, истакна Заев, а тоа го потврдуваат и растот на извозот и растот на индустриското производство.

-Но тука придобивките од членството во НАТО не завршуваат. Веќе од оваа година се отвора пазар вреден  4 милијарди евра годишно  за нашите компании  преку нашето членство  во НАТО.  Агенциите на НАТО за услуги, набавки, информатика  и комуникации стануваат  достапни за сите македонски компании  да конкурираат и да ги пласираат  нашите домашни производи.  Го повикувам бизнис-секторот да биде наш активен партнер  и да ги искористи максимално економските придобивки кои произлегуваат од членството, истакна лидерот на СДСМ.

На прес-конференцијата за Програмата на СДСМ 20-24 насловена „Влеговме во НАТО, одиме кон ЕУ!“, Заев кажа и дека земјава е на чекор до преговори со Унијата и отворање на првите поглавја, посочувајќи на вчерашниот извештај на Европската комисија  кој нотира значаен напредок во сите области и, како што рече, е „печат за успешните реформи што ги отворивме со многу работа и во тешки услови“.

-Сторивме сè што беше до нас, на ред е Европската Унија да ја исправи грешката и да започне преговори за членство. Подготвени сме за почеток со переговорите, за тоа е потребно да овозможиме континуитет на паметните и храбрите одлуки, а не да се враќаме чекор назад. До 2024 очекуваме да овориме 80 отсто од поглавјата за ЕУ. За шест години успешно ќе ги завршиме преговорите со ЕУ. Со вакво ВМРО-ДПМНЕ преговорите би траеле 60 години и никогаш не би завршиле. Отворањето ќе значи трансформација на целото општество, но и притстап до нови фондови и повеќе пари за инфраструктура, капитални проекти, плати и за подобар живот на народот, истакна Заев.

Посочи дека од ЕУ-фондовите се обезбедени две милијарди евра за Северна Македонија за претстојните години и ги соопшти добиените грантови од ЕУ во последните месеци: неповратни средства од 13 милиони евра за интерконекторот за гас помеѓу нашата земја и Грција долг 68 км, 5 милиони евра неповратни за железничкиот премин и патот околу ГП Табановце, 28 милиони евра неповратен грант од ЕУ за патот Скопје – Блаце плус 50 милиони евра награда за успешно спроведени реформи и 17 милиони евра за развој на регионот Преспа. Тоа се, рече Заев, европски пари за европски стандарди дома и бизнис-секторот ќе може да ги користи максимално економските придобивки од членството во НАТО и преговорите за ЕУ.

-Тешкото е зад нас, треба уште посилно и подобро на изборите да избереме параламент и потоа влада кои стабилно ќе ја раководат државата кон сигурна иднина која ќе гарантира економски развој, запирање на иселувањето на младите, благодат и просперитет за сите. Работевме напорно, време е да ги ползуваме плодовите на нашиот труд. Убеден сум дека граѓаните масовно ќе го поддржат нашиот концепт. Паметните и храбрите одлуки обезбедија предвидливост и тие секогаш и секаде во светот донеле победи. На 12 април граѓаните ќе ја потврдат успешноста на реформите и на севкупните позитивни промени и ќе ни ја дадат довербата за нов чист мандат во кој ќе продолжиме да работиме – и повеќе и подобро, за интересите на граѓаните и на државата, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев. хс/ац/

 

Back to top button
Close
Close