0_Македонија.ПорталВидео изјаваПолитика

Заев: Почнуваме преговори за стабилна и посветена четиригодишна влада

СДСМ, која на парламентарните избори освои 46 пратенички мандати, од денеска ги почнува преговорите за парламентарно мнозинство и за формирање на влада со четиригодишен мандат. Лидерот на партијата Зоран Заев по завршувањето на денешната конститутивна собраниска седница најави дека во следниот период ќе се одвиваат разговори на повеќе нивоа. Очекува дека за 10 до 15 дена ќе има позитивен исход од преговорите.

Скопје, 4 август 2020 (МИА) – СДСМ, која на парламентарните избори освои 46 пратенички мандати, од денеска ги почнува преговорите за парламентарно мнозинство и за формирање на влада со четиригодишен мандат.

Лидерот на партијата Зоран Заев по завршувањето на денешната конститутивна собраниска седница најави дека во следниот период ќе се одвиваат разговори на повеќе нивоа. Очекува дека за 10 до 15 дена ќе има позитивен исход од преговорите.

Во изјава за медиумите Заев најави дека ќе разговара со лидерите на политичките партии и штом има некаков напредок, ќе биде информирана јавноста.

– Од денеска почнуваме преговори за нов четиригодишен полн мандат на стабилно мнозинство во Парламентот, мнозинство кое ќе ни донесе стабилна и посветена четиригодишна влада која е подготвена да сработи. ќе разговараме исклучиво за формирање на влада која се грижи за сите граѓани подеднакво, ослободени од какви било етнички предрасуди или национализми, влада која нема никакви дилеми кога е во прашање нашиот заеднички пат кој се вика „Северна Македонија – Едно општество за сите“, рече Заев.

Новата влада, како што посочи тој, ќе се бори против криминалот и корупцијата на сите нивоа, а особено внимание ќе посвети на прочистувањето на правосудството и на проверката на потеклото на капиталот на секој функционер.

– Идните чинители на новата влада ќе треба да се подготвени и за сериозна реформа на јавната администрација – зборуваме за промена која ќе донесе ефикасно служење на потребите на граѓаните, но и промена со која обемот на администрацијата ќе се намали за 20 проценти. Зборуваме за помал број министри и за рационализација на јавните сужби, но и за поголем број и побрзи услуги за граѓаните, порача Заев.

Во фокусот на идната влада, како што најави Заев, ќе биде и економијата, продолжување на растот на платите, вложувањето во младите, рамномерниот регионален развој, поддршката за прватниот сектор и грижата за најсиромашните.

– Во овој момент почнуваме со сериозни разговори поставени на сериозни принципи кои ќе ни донесат сериозна и посветена влада која движи брзо напред по европскиот пат, односно Влада посветена на економијата и правдата. Влада која ги отвара преговорите за членство со Европската унија и влада која со секое ново отворено поглавје од преговорите ќе воведува нови европски стандарди за подобар живот, тука во нашата убава земја, подвлече Заев.

Очекува дека многу скоро ќе ги кренат институциите во полн капацитет за да може да се справат со, како што рече, невидливиот непријател – Ковид-19.

– Пред нас е есента која носи нова учебна година, нова грејна сезона, нови предизвици за болниците – пред нас е заедничка борба за јавното здравје и за економски напредок, порача лидерот на СДСМ. мс/бак/ 

Изјави по конститутивна седница на собранието на РСМ

Posted by MИА.mk on Вторник, 04 август 2020

Back to top button
Close
Close