0_Македонија.ПорталПолитика

Заев-Петровиќ: Двете земји почитуваат исти вредности, а тоа се ЕУ и НАТО

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорката на Црна Гора, Марија Петровиќ, со која потврдија дека двете земји негуваат одлично пријателство и соработка, почитуваат исти вредности, а тоа се Европската Унија и НАТО.

Скопје, 10 септември 2020 (МИА) – Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорката на Црна Гора, Марија Петровиќ, со која потврдија дека двете земји негуваат одлично пријателство и соработка, почитуваат исти вредности, а тоа се Европската Унија и НАТО.
На состанокот, како што соопшти владината прес-служба, било истакнато дека нашата држава игра конструктивна улога во унапредувањето на односите на регионално ниво, меѓу земјите на Западен Балкан и претставува добар пример каде граѓаните покажаа демократска зрелост и се одлучија за владеење на правото и демократските вредности.
Црногорската амбасадорка Петровиќ на премиерот Заев му ги ги пренела честитките од црногорскиот премиер Душко Марковиќ и му посака успешна работа на новата Влада во новиот четиригодишен мандат.
И амбасадорката Петровиќ и премиерот Заев се согласиле дека продолжуваат во насока на подобрување на билатералните односи и ефективна трговска и економска соработка. бт/нд/

Back to top button
Close
Close