0_Македонија.ПорталПолитикаПолитички партии

Заев: Пет милиони евра за земјоделството преку Развојната банка

Лидерот на СДСМ Зоран Заев на Фејсбук објави дека силно се поддржува земјоделството преку третиот пакет економски мерки.

Скопје, 20 јуни 2020 (МИА) – Лидерот на СДСМ Зоран Заев на Фејсбук објави дека силно се поддржува земјоделството преку третиот пакет економски мерки.

Во видеото со неговиот ФБ-статус се наведува дека за земјоделството се наменети 5 милиони евра преку Равојната банка, 50 проценти субвенционирање на зелената нафта за земјоделците, 500.000 хектари закуп на пасишта за сточарите, до 10.000 евра за старт-ап семејни винарии и фарми, 50 милиони евра за модернизација на земјоделството.

-Македонската почва нуди огромни богатства, имаме ресурси, знаење и желба за работа и со соодветен план тие ресурси целосно ќе ги искористиме. Наша задача е со стратегија и соодветна поддршка земјоделството во Северна Македонија да стане една од најпродуктивните и најисплатливите гранки, напиша Заев на Фејсбук.

Додава дека здравствената криза покажа оти домашното производство во сите гранки е најважно и затоа треба, како што вели, да го подготвиме земјоделството – да ги искористиме сите потенцијали за поголемо производство и продолжување на инвестициите за рестарт на економијата. хс/лв/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close