Дописници МКДПолитички партии

Заев: Одлуката за коалицирање ќе ја донесеме на крајот на февруари или на почетокот на март

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев вели дека неговата партија полесно ќе најде партнер за евентуална предизборна коалиција од политичките противници. Ставот го темели на досегашната соработка со сите останати освен ВМРО - ДПМНЕ. Заев кажа дека одлуката за тоа со кого ќе коалицираат за следните избори ќе се носи на крајот на февруари, почетокот на март.

Тетово, 31 јанаури 2020 (МИА) – Лидерот на СДСМ, Зоран Заев вели дека неговата партија полесно ќе најде партнер за евентуална предизборна коалиција од политичките противници. Ставот го темели на досегашната соработка со сите останати освен ВМРО – ДПМНЕ. Заев кажа дека одлуката за тоа со кого ќе коалицираат за следните избори ќе се носи на крајот на февруари, почетокот на март.

-Имаме разговори со сите, со традиционалниот коалционен партнер, разговори со опозициските партии, и ДПА и Алтернатива, но отворена комуникација и со Беса и со Алијанса. Заедно гласавме уставни промени, заедно гласавме закон за употреба на јазици, дел од реформите, не само оние со двотретинско мнозинство, туку се што е важно за државата. Ние сме мултиетничка партија, поставена многу отворено, имаме одлична соработка и тоа не доведува до предност во однос на нашиот опонент слободно калкулираме, носиме одлуки, правиме нешто што е најдобро за државата и за најдобро позиционирање на политичките партии, рече Заев во Тетово.

Ќе се донесе одлука за евентуални предизборни коалиции за околу еден месец.

-Се прават анализи, каков е бенефитот, како ќе реагираат граѓаните, дали е прифатливо и слично. СДСМ е позитивен дури и за предизборни коалции со албанските политички партии заради тоа што немаме никакви предрасуди затоа што нас граѓаните се граѓани, не ги делиме етнички, веруваме во едно општество за сите. И треба да правиме чекор повеќе за унапредувањето на овој концепт каде сите сме само граѓани, вредиме исто. Крајот на февруари, почеток на март ќе биде кога е се носат вакви одлуки за коалиции составени од мултиуетнички партии и од партии на заедниците, рече партискиот лидер. ас/ев/

Back to top button
Close
Close