0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020ПолитикаПолитички партии

Заев од Тетово: Со НАТО неме веќе војни, ќе има инвестиции и просперитет

Лидерот на СДСМ Зоран Заев на вечерашната трибина на коалицијата „Можеме“ во Тетово, им порача на, како што наведе, мајките Македонки, Албанки, Турчинки дека „со НАТО нема веќе војни!“.

Тетово, 26 јуни 2020 (МИА) – Лидерот на СДСМ Зоран Заев на вечерашната трибина на коалицијата „Можеме“ во Тетово, им порача на, како што наведе, мајките Македонки, Албанки, Турчинки дека „со НАТО нема веќе војни!“.

– Нашата земја стана членка на НАТО. Почитувани татковци и мајки, дали сте мајки албанки или македонки или турчинки, со НАТО нема повеќе војна, со НАТО нема да се грижите повеќе вашите деца дали ќе гинат, со НАТО има инвестиции, со НАТО има демократија, со НАТО има еднаквост, со НАТО има перспективи, истакна Заев.

Затоа, нагласи, НАТО е првата наша стратешка цел и на Македонците и на Албанците и на Турците и на Србите и на Власите и Бошњаците и на Ромите, на сите.

– Успеавме, и затоа нема веќе партии да доаѓаат пред изборите по сто пати, по илјада пати, по милион пати да ви ветуваат НАТО и ЕУ. Завршена работа е НАТО, како и датум за почеток на преговорите со ЕУ, успеавме заедно, порача Заев на трибината во Тетово на која учествуваше и Билал Касами, лидерот на БЕСА која заедно со СДСМ е дел од Колаиицјата „Можеме“.ас/са/

🔴[Во живо од Тетово:] Граѓанска трибина на коалицијата „Можеме“

🔴[Во живо од Тетово:] Граѓанска трибина на коалицијата „Можеме“🔴[Drejtpërdrejt nga Tetova] Tribunë qytetare e koalicionit "MUNDEMI"

Posted by СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија on Петок, 26 јуни 2020

 

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close