0_Web_Избор на уредникот0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Заев: Ние со Бугарите сакавме да бидеме браќа, ама тие одеднаш посакаа да ни станат татковци

Нашата земја гради пријателства со тоа што го создадовме Договорот за пријателство со Бугарија, изградивме пријателство со Грција, изградивме пријателство дома и со целиот свет и навистина сме земја која што важи за пример на градење на пријателство и нашиот народ е пријателски народ. Тоа веројатно и на Бугарите им е јасно, ние немаме претензии, ние не се закануваме никому и градејќи го тоа пријателство градевме добрососедство и соработка со Бугарија. Тргнавме да станаме браќа и се движевме кон атмосфера да станеме браќа. Многу често сум употребувал мој наратив заради искрената потреба да имаме одлична соработка, најдобро пријателство и се, дека ние сме браќа, треба да градиме пријателство но наеднаш решија татковци да ни станат и тука е проблемот. Така што, обидувајќи се да градите братство, наеднаш решија нашите пријатели да ни станат татко, изјави премиерот Зоран Заев, во емисијата Само интервју, на телевизија Канал 5.

Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.

+389 2 2461600
marketing@mia.mk
Back to top button
Close
Close