0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020ПолитикаПолитички партии

Заев: Не молчете кога е ваш ред да зборувате – на 15 јули излезете и гласајте за да продолжиме напред

Пред нас е 15 јули, денот кога треба да одлучиме дали ќе излеземе да избереме сигурност или ќе останеме дома и со тоа ќе и дадеме шанса на опасноста и несигурноста Не молчете кога е ваш ред да зборувате.Излезете., изјави лидерот на СДСМ и носител во ИЕ 4 Зоран Заев.

Скопје, 10 јули 2020 (МИА) – Пред нас е 15 јули, денот кога треба да одлучиме дали ќе излеземе да избереме сигурност или ќе останеме дома и со тоа ќе и дадеме шанса на опасноста и несигурноста Не молчете кога е ваш ред да зборувате. Излезете, изјави лидерот на СДСМ и носител во ИЕ 4, Зоран Заев.

– За 2,5 години од изолирана држава станавме членка на НАТО и отвораме преговори со ЕУ. Изодевме пат кој никој пред нас немал храброст да го оди, за денес, пред целиот свет да сме Македонци кои зборуваат македонски јазик. Имаме најбрз раст на минималната и просечната плата до сега. Имаме социјална држава и одговорна власт. Си ја градиме државата, рече Заев.

Знам, вели тој, дека не ги исполнивме сите ваши очекувања, дека направивме и грешки, но, секоја наша грешка, ни ја посочувавте гласно, демократски, а ние ве слушавме и реагиравме.

– Покажавме дека знаеме и можеме да се подобруваме. И тоа ми дава право да кажам дека не сме сите исти и никогаш нема да бидеме. И тоа ме тера денес да се обврзам пред вас дека судскиот систем ќе биде првата работа која ќе биде реформирана во наредниот мандат. И зад ова стојам со сиот свој интегритет пред вас, кажа Заев.

Тој побара поддршка за уште еден мандат, за како што вели, уште побрзо да продолжиме напред.

– Ја барам вашата поддршка. Го барам вашиот глас за уште еден мандат. За да ги продолжам добрите политики. За да продолжиме напред уште побрзо и да не ја испуштиме шансата што заедно ја создадовме за оваа наша убава земја и за нашиот народ. Изборот е очигледен. Но немојте да мислите дека работата е однапред завршена. Ќе продолжиме напред само ако вие така одлучите и само ако излезете и гласате на 15 јули, на вашето гласачко место кое ќе биде целосно безбедно. Не молчете кога е ваш ред да зборувате.Излезете. Гласајте, порача лидерот на СДСМ и коалицијата „Можеме“. вг/сп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close