0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020ПолитикаПолитички партии

Заев: НАТО и ЕУ се завршена работа, во периодот што претстои ќе работиме дома

НАТО и ЕУ се завршена работа и сега од нас зависат работите. Во периодот што претстои ќе работиме дома. Ќе работиме на економија, на економскиот стандард, на реформи во правосудството и образованието, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев, вечерва на граѓанската трибина на коалицијата „Можеме“ во Центар. 

Скопје, 27 јуни 2020 (МИА) – НАТО и ЕУ се завршена работа и сега од нас зависат работите. Во периодот што претстои ќе работиме дома. Ќе работиме на економија, на економскиот стандард, на реформи во правосудството и образованието, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев, вечерва на граѓанската трибина на коалицијата „Можеме“ во Центар.

Во време на решавање на најсериозните прашања, посочи Заев, успеавме да покажеме дека можеме и создадовме праведно општество.

– Сега веќе НАТО и ЕУ се завршена работа. 30 години чекаме членство во НАТО, 15 години за почеток на преговори. Ги завршивме. Решени се проблемите со Бугарија и Грција. Сите пет соседи ни се пријатели, изјави Заев.

Порача дека е направен голем исчекор во изминатиот период и дека е направено многу, но и дека може многу повеќе и подобро.

Центар, нагласи Заев, и денеска кога живее во слобода е најгласен и најголем коректив на власта.

– Слободата живее и денеска, иако во услови на пандемија со маски на лице, јас сум убеден на огромен процент на излезеност на нашите граѓани, затоа што имаме задача да ги воспоставиме повторно функционални нашите институции за да можеме да го продолжиме ова слободарско живеење со огромна поддршка од демократскиот свет, изјави Заев.

Имаме задача на 15 јули да останеме на вистински пат, порача Заев и затоа очекувам трендот на вистинските вредности да продолжи.

Заев потенцира дека и покрај кризата со коронавирусот, економијата е стабилна и може да се носи со сите предизвици.
– Докажавме и во овие четири месеци на корона криза кога економски се урнисува цел свет, и најсилните економии, ние не задоцнивме  ниту со еден ден со пензии, со плати, со здравствени трансфери, со социјални трансфери, ќе има и субвенции. Ние докажавме дека оваа земја има пари. Знам дека ќе успееме заедно. Заедно ќе се бориме за секој човек, за секое работно место, заклучи Заев. аа/

Back to top button
Close
Close