0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020ПолитикаПолитички партии

Заев: Направивме многу, можеме уште повеќе и уште подобро

Направивме многу. Можеме уште повеќе и уште подобро, тoa е мотото на нашата кампања, тоа е и нашата магија, изјави денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев во вклучувањето во Дневникот на Канал 5 телевизија.

Скопје, 27 јуни 2020 (МИА) – Направивме многу. Можеме уште повеќе и уште подобро, тoa е мотото на нашата кампања, тоа е и нашата магија, изјави денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев во вклучувањето во Дневникот на Канал 5 телевизија.

Заев посочи дека граѓаните ќе знаат да го почитуваат сето тоа што е направено во изминатите две и пол години во кои СДСМ  и владата што ја предводи ги реши сите меѓународни отворени прашања, ги исполни двете стратешки определби и за тоа време, додека се решаваа големите прашања, паралено успеа и да ја зајакне еконмијата, но и да го реформира судството.

– Врз основа на сето она што е досега направено, пред граѓаните излегуваме со понуда со која ќе покажеме дека можеме и уште подобро и уште повеќе. Ќе издвојам само два клучни столба од вкупно шесте кои се  во нашата програма: нова македонска економија и стоп ковид 19. Во новиот мандат обезбедуваме 600 милиони евра за домашни и странски инвестиции, 200 милиони евра годишно за земјоделство и рурален развој. Околу 60 милиони евра обезбедуваме за екологија. Во делот на здравството навистина направивме многу. Реконструирани се 32 здравствени центри низ државата, подигнати се платите во здравството, но треба да продолжиме и натаму со уште поголема поддршка на лекарите и медицинскиот персонал, со вложувања во нови технологии и тоа ќе го правиме во новиот мандат, посочи претседателот Заев.

Во објавените разговори каде се слуша и Мицкоски, посичи Заев, постојат сериозни индиции за сторен криминал и институциите мора да постапат и да се дојде до разреница и носење одговорност.
– Ова што го слушаме овие денови од објавени разговори се сериозна потврда за криминал, за криминално финансирање на политички партии и незаконско финансирање на кампањи. Јас верувам дека ќе се отворат сериозни истраги за ова, заради тоа што нелегално финансирање на политички партии можат да предизвикаат невидени криминални активности. СДСМ е транспарентна политичка партија, својот начин на финансирање јавно го објавува, а како последици на спрегите Камчев-Груевски-Мицкоски, во овој период можеме да видиме како тие си ја финансирале кампањата, а за возрврат на тоа некој да го блокира Законот за Јавно обвинителство или да го уништи Специјалното јавно обвинителство, а се со конечна цел да спаси предмет како што е Империја. Ова се сериозни удари врз правосудството, посебно од некој кој што е аспирант за премиер, тоа е не е дозволиво никаде во светот и не e дозволиво и во нашата земја, порача Заев. аа/

Back to top button
Close
Close