Политички партии

Заев на средба со словенечката парламентарна делегација: Словенија е наш искрен пријател и поддржувач

Делегација на СДСМ во состав претседателот Зоран Заев, заменик претседателката Радмила Шекеринска и генералниот секретар Љупчо Николовски денеска во Скопје оствари средба со парламентарна делегација на Република Словенија предводена од претседателот на Државниот збор Дејан Жидан.

Скопје, 10 февруари 2020
Делегација на СДСМ во состав претседателот Зоран Заев, заменик претседателката Радмила Шекеринска и генералниот секретар Љупчо Николовски денеска во Скопје оствари средба со парламентарна делегација на Република Словенија предводена од претседателот на Државниот збор Дејан Жидан.
На средбата, која се одржа на ден пред ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО на нашата земја, стана збор за евроатлантската иднина на земјата, претстојните избори, спроведените реформи, економската соработка,  блиските и пријателски односи меѓу двете земји.
-Словенија е наш искрен и добар пријател, секогаш е тука да го поддржи нашиот пат и нашите рефоми за слобода, правичност и безбедност, истакна на средбата претседателот Заев, додавајќи дека за нас од големо значење е континуираната поддршка, што ја добиваме и ќе ја добиваме од Словенија.
Претседателот на словенечкиот парламент Дејан Жидан порача дека земјата е победник со приемот во НАТО, додавајќи дека на патот кон ЕУ, кој е тежок, како и словенечкиот, не смее да се загуби оптимизмот.
Словенечката парламентарна делегација ги поздрави храбрите одлуки и сериозни реформи што ги спроведе СДСМ и ја потврди својата поддршка за настојувањата на Северна Македонија на патот кон членство во Европската унија.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Таг
Back to top button
Close
Close