БизнисБизнис.ПорталЕкономијаПолитички партии

Заев на средба со компаниите членки на МАТТО

Лидерот на СДСМ Зоран Заев попладнево ќе одржи работен состанок со компаниите - членки на Стопанската комора на Македонија - Турција (МАТТО).

Скопје, 4 февруари 2020 (МИА) – Лидерот на СДСМ Зоран Заев попладнево ќе одржи работен состанок со компаниите – членки на Стопанската комора на Македонија – Турција (МАТТО).

Заев досега, во пресрет на изборите, со цел креирање што поквалитетна партиска економска програма, одржа средби и со Стопанската комора на Македонија, Сојузот на стопанските комори, Стопанската комора на северозападна Македонија, како и со Делегацијата на германското стопанство во земјава.

Како што изјави на првиот работен состанок, во Стопанската комора на Македонија, идејата е СДСМ да ги слушне предлозите, сугестиите и барањата на бизнис заедницата, а потоа и да ги вметне во партиската економска изборна програма која ќе биде претставена пред граѓаните. мч/дма/

Back to top button
Close
Close